Новости

Македонија

Мерките да останат: Граѓаните треба да се вакцинираат, а не да одат во кафеана со тест

За денеска е закажан состанок на Комисијата за заразни болести и Комитетот за имунизација поради тоа што сега се анализираат епидемиолошките мерки, вели министерот за здравство Венко Филипче.

-Заклучно со вчера, викендот, вакцинирани се 660 илјади граѓани. Ако продолжиме ова темпо, јас верувам дека некаде до средината на октомври, 15 октомври, уште повеќе ќе порасне колективниот имунитет и ќе стигнеме до милион граѓани, што е голем процент. Тоа е многу важно бидејќи почнува школската година. Сакаме есенскиот период, кога луѓето ќе бидат во затворени простории, да бидеме побезбедни. Затоа и акцнет ставаме на вакцинацијата, е не за влез во затворени простории, кажа Филипче.

Министерот смета дека актуените мерки кои се на сила, треба да продолжат и понатаму се додека не се зголеми колективниот имунитет.

– Пандемијата донесе тага, ги испразни училишните клупи. Драстично ни го промени животот. Вакцинирајте се за да се вратиме во нормала, само така се заштитувате себеси, кажа Филипче на денешната прес- конференција на која со премиерот Заев ја претставија кампањата „Вакцинирај се“.

Евротип
Евротип
To Top