Новости

Македонија

Мерките за вакцинација против Ковид19, одложени за наредната владина седница

Mерките кои се однесуваат на вакцинација против Ковид19, предлог на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, се одложени за наредната владина седница, информираат од ресорното министерство.

Инаку министерот за здравство Венко Филипче и претставниците на синдикатите договорија неколку барања во пресрет на денешната владина седница, на која ребаше да се разгледаат новите предлог-мерки за справување со ковид-пандемијата.

– Договорено се три барања. Првото е мерката од моментот на донесување да важи после 15 денови, со цел да се доедуцираат членовите на синдикатот. Второто е да бидат дадени два слободни денови од денот на примањето на вакцината, за тие што планираат да се имунизираат и третото барање е за оние кои нема да се вакцинираат, ПЦР-тестовите, кои се како алтернатива секоја недела, на место на свој трошок, ќе бидат на товар на работодавачот, информира Филипче.

Министерот најави дека исто така е донесена препорака задолжителната вакцинација на работното место да важи и за приватниот сектор.

Евротип
SNBROKER
To Top