Новости

Македонија

МЗ:Граѓаните кои се вакцинирани со Синовак и Синофарм трета доза вакцина може да примаат по три месеци од ревакцина

Националниот Комитет за имунизација денеска днесе одлука со која препорачува, граѓаните кои се вакцинирани и ревакцинирани со вакцините на производителите Синовак и Синофарм, трета доза вакцина може да примаат после изминати три месеци од ревакцинација.
Вакцинацијата со трета доза е со вакцина на производителот Фајзер, а вакцинацијата е без закажан термин на кој било вакцинален пункт во државата. За граѓаните кои примиле друг тип вакцина, Фајзер, Астра Зенека или Спутник В, трета доза вакцина може да примаат после поминати 6 месеци од ревакцинација. Министерството за здравство апелира граѓаните во што поголем број да се вакцинираат. Вакцините освен што се ефикасни, се исто така безбедни, укажуваме на важноста на вакцинација. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.

Евротип
Евротип
To Top