Новости

Македонија

МЗ: 15 новозаразени и 14 оздравени од Ковид-19 – нема регистрирано починати лица

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие се потврдени 15 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 5 случаи во Кичево, 4 во Скопје, 3 во Тетово и по 1 случај во Прилеп, Охрид и Делчево.

Регистрирани се 14 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 11 и по 1 од Куманово, Гостивар и Кичево.

Од МЗ посочија дека во изминатото деноноќие не се регистрирани починати лица од Ковид-19.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.583, бројката на оздравени пациенти е 149.690, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 421“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 841.125 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.802 тестови.

GOLD
To Top