Новости

Македонија

МЗ: 438 новозаразени со Ковид-19, шестмина починати и 191 оздравен пациент во последните 24 часа

Министерството за здравство (МЗ) вечерва информираше дека во последните 24 часа се потврдени 438 нови случаи на Ковид-19, односно, 200 случаи се регистрирани во Скопје, 30 во Струмица, 27 во Тетово, 21 во Куманово, 18 во Битола, 17 во Штип, 16 во Охрид, 15 во Кочани, 13 во Прилеп, десет во Гевгелија, по девет во Кавадарци и Кичево, седум во Велес, по шест во Крива Паланка и Радовиш и по пет во Делчево, Ресен и Неготино.

Потоа, по три случаи на Ковид-19 во Пехчево, Валандово, Виница и Свети Николе, по два во Гостивар и Берово и по еден случај е регистриран во Дебар, Пробиштип и Кратово.

Од МЗ соопштија дека во болнички услови починале шест лица, односно, тројца пациенти од Скопје на 75, 89 и 68 години, пациент од Крива Паланка на 62 години, пациент од Струмица на 64 години и пациент од Штип на 78 години.

Институтот за јавно здравје регистрира 191 оздравен пациент, односно, во Скопје-85, Куманово-12, Дебар-1, Штип-9, Прилеп-7, Тетово-10, Битола-4, Кавадарци-7, Гостивар-5, Гевгелија-4, Крива Паланка-1, Радовиш-5, Кочани-21, Пробиштип-1, Берово-6, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-5, Кичево-2, Ресен-2 и Неготино-1.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 22607, бројката на оздравени пациенти е 16949, на починати е 821, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4837. Од вчера се регистрира еден контролен тест“, информираат од МЗ.

На Инфективната клиника во Скопје во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти, а вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. Од нив, на кислородна поддршка се 65 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се шест деца и осум мајки позитивни на Ковид-19 и две деца и две мајки суспектни на вирусот.

„Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 46 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 229, позитивни и сомнителни на Ковид-19“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 216.541 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.306 теста.

GOLD
To Top