Новости

Македонија

Минирање на делницата Пресека – с. Врбјани, сообраќајот во прекин меѓу 12 и 15 часот

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, понаместа влажни коловози.

На патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – с. Врбјани на 05.07.2021 (понеделник), сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 12:00 ч. – 15:00 ч. во времетраење од 15 – 20 минути, поради изведување на градежни работи (минирање).

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Евротип
Евротип
To Top