Новости

Македонија

Мијалков во Обвинителството го чека решението за притвор

Сашо Мијалков, околу 17 часот, се појави пред вратите на Обвинителството за организиран криминал, за да му биде врачено решението за куќен притвор. Наводно „самиот се изолирал бидејќи имал симптоми на коронавирус“. Рече дека „не знаел што се случува и длабоко жали за непријатностите“:

„Имав симптоми на Ковид-19, висока температура и силни главоболки. Се изолирав. Сабајле разбрав што се случило, дојдов да си го подигнам решението за куќен притвор. Дадов збор дека нема да бегам.“

Извор: VOA

GOLD
To Top