Новости

Македонија

Младите бараат флексибилно работно време, работа од дома и добра плата

Парите и флескибилно работно време, по можност од дома, се клучни за младите да прифатат одредена работа.

Веќе никој не сака да работи во канцеларија од 8 до 4, која е ниско платена и не нуди можност за напредок. Затоа расте бројот на лица кои сакаат да заминат во странство или да работат за странска компанија. Како да се спречи одливот, дебатираа експерти, работодавачи и претставници од младинските организации.

– Младите сакаат да работат од дома, за странска компанија која им нуди флексибилно работно време и доста повисоки плати. И најважно, сакаат да работат и во македонска компанија, но по доста различни услови, меѓутоа очекуваат многу поразличен третман од она што сме навикнати, односно работа од 8 до 4, изјави Бојан Кордалов, координатор на проектот „Што сакаат младите“.

Бизнисот веќе се соочува со недостиг на квалификувана работна сила. Изумираат стручните професии како заварувачи, механичари, пекари. Од друга страна пак, барањата на младите се доста повисоки.

„Која е добра плата за која би прифатиле да работат?“

– Па во ИТ индустријата, за почетници е 500, 600 евра, за сениори до 5,000 евра, изјави Иван Ивановски, работодавач од ИТ индустријата.

И младите и работодавачите се согласни дека реформа во образовниот систем мора да има. Треба да се продуцираат оние кадри кои недостасуваат на пазарот.

– Нашиот образовен систем не продуцира кадри со знаење и вештини потребни за работното место, изјави Лука Павичевиќ, претседател на Сојуз на средношколци.

– Тоа што го добиваме од вработените во моментов, можеби не одговара на она што може да се плати, изјави Деспина Жупан, работодавач.

За да се задржат младите дома, клучните проблеми и од нив и од газдите ќе им бидат пренесени на креаторите на јавните политики, за да преземат активности и да го спречат одливот на кадри пренесува Сител.

Евротип
SNBROKER
To Top