Новости

Македонија

Можни нови рестриктивни мерки против ковид-19

Поради нов негативен рекорд  во ковид-статистиката – 535 заразени во 24 часа, од кои над половината  во скопје здравствените власти денеска разговараат за евентуални нови рестрикции.

Во последниот билтен се регистрирани и шест починати пациенти. Во моментов има 4597 активни случаи. Комисијата за заразни болести денеска на состанок ќе одлучува за нови мерки кои  би вклучувале рестрикција на јавниот превоз, ограничување на работа на угостителските објекти..според ресорниот министер  за воведување полициски час е сè уште рано.

Проблемот со чекањето за тестирање на сомнителните и со симптоми треба да биде надминат со брзите тестови, во наредните денови се очекува донација од 7500, а ќе се набавуваат и со пари од заемот од Светска банка.

Евротип
SNBROKER
To Top