Новости

Македонија

Можни рестриктивни мерки наесен, насочени кон невакцинираните граѓани

Моменталната состојба со коронавирусот во Македонија е стабилна и не се размислува за воведување на рестриктивни мерки, но доколку ризикот од невакцинираните лица е доволно голем за останатата популација, воведувањето на одредени рестрикции ќе биде неминовно наесен, вели министерот за здравство Венко Филипче.

-Размислуваме дали е потребно нешто да се направи во есенските месеци, почнувајќи од месец септември. Ги пратиме искуствата од другите земји, секаде во светот сега има една дебата како треба да се прави. Размислувањата одат во правец на тоа дали треба да се прави некаква рестрикција во однос на граѓаните кои не се вакцинирани… зошто да ги загрозуваат сите тие кои имаат можност да се вакцинираат а не го прават тоа од разни причини.-Венко Филипче.

Од август се затвораат спортските сали во сите градови освен Тетово и Струмица кои служеа како пунктовни за масовна вакцинација…процесот на имунизација според најавите ќе продолжи да се спроведува со исто темпо во сите здравствени домови ширум земјата.

-Денеска најверојатно ќе ја надминеме бројката од 500.000 вакцинирани со прва доза, од нив над 330.000 се ревакцинирани. Во следниот период очекуваме до крајот на август сите 500.000 кои се вакцинирани со една доза да бидат и ревакцинирани, истакна -Венко Филипче.

Министерот информираше дека преку процесот на теренска вакцинација досега се имунизирани околу 20 илјади лица… вакцинирани се и 630 малолетни лица од 12 до 17 години, а по региони најслаб интерес има во источните градови во земјата додека пак најголем има во Охрид и Битола.

Евротип
Евротип
To Top