Новости

Македонија

Можно е Новата Година да ја дочекаме со снег, но сигурно не’ очекува студен декември

По снегот неделава и заладувањето, ќе следи затоплување, меѓутоа до крајот на декември ќе настапи типично студено време и нешто почести врнежи. Споредено со претходните две години, може да очекуваме и повеќе снег.
Ова е најавата која стигнува од српската метеоролошка служба. Иако е рано да се зборува за новогодишната од Управата соопштуваат дека има шанси да доживееме снежна новогодишна ноќ.
– Некаде меѓу пет и седум дена пред Нова година би можеле подетално да зборуваме за снегот за новогодишната ноќ. Минатата зима беше просечно студена, во споредба со неа сега ќе има повеќе снег, соопшти метеорологот Горан Михајлови пренесува ммс.

Евротип
SNBROKER
To Top