Новости

Македонија

„Молнопиравир“, единствениот лек за ковид-19 пристигнува во Македонија

Министерството за здравство ќе го набави „молнопиравир“, единствениот лек за ковид 19.

Лекот Молонопиравир е во форма на таблета и може да го примаат сите пациенти кои се позитивни на ковид -19. Лекот се дава во првите пет дена од дијагностицирање на вирусот, а досегашните клинички испитувања покажуваат дека хоспитализацијата со овој лек е намалена за 50 отсто.

Првите апчиња против коронавирус ќе им помогнат на луѓето со слаб имунитет и на тие кои веќе имаат тешки болести. „Молнупиравир“ се зема преку уста и луѓето можат да го земаат дома без да мора да одат во болница. Може да почнат да го пијат дури и пред да се влошат работите.

Министерството за здравство укажува дека лекот и вакцината против Ковид 19 не може да се споредуваат.

Евротип
Евротип
To Top