Новости

Македонија

МОН: Учебниците за најмалите основци имаат еднократна употреба

Учебниците за прво, второ и трето одделение, како и одредени учебници од повисоките одделенија во кои има содржини што ученикот ги пополнува со пишување, боење, сечење и лепење се користат еднократно – информираат од Министерството за образование.

Според Законот за учебници сите останати учебници можат да се користат најмногу до 5 години. Оттаму велат дека нема потреба од печатење на учебниците кои се достапни и во електронски формат бидејќи има целосно нови учебници за најмалите основци.

Евротип
SNBROKER
To Top