Новости

Македонија

МРТ: Андреа ќе настапи утре, Македонија можеби нема да учествува на Евровизија од наредната година

По инцидентот во кој нашата годинашна евровизиска претставничка Андреа Коевска го фрли државното знаме на земја, од МРТ ја соопштија својата одлука за санкциите кои ќе ги преземат.

Имено, оттаму одлучиле Андреа да настапи на музичкото натпреварување, а откако нашата делегација ќе се врати од Италија, членовите ќе поднесат извештаи за случувањата. Според тоа, ќе биде одлучено кои решенија и дисциплински мерки ќе бидат преземени.

Исто така, се разгледува и можноста нашата држава повеќе да не учествува на Избор на песна за Евровизија од наредната година.

„Македонската радио телевизија, по инцидентот кој што се случи за време на официјалната церемонија за отворање на Евровизија 2022, кога нашата претставничка Андреа Коевска го фрли македонското знаме на тиркизниот тепих и по првичното Соопштение кое што беше објавено по реакциите на јавноста, детално ги разгледа сите аспекти за евентуалното повлекување на нашата претставничка од Евровизија. Таквиот чекор во момент кога сите рокови за повлекување се поминати би предизвикал голема финансиска штета и други санкции кои што не се за занемарување. Имено, со откажувањето би се загрозилo и учеството и отстапувањето на телевизиските права на сите други настани кои што Јавниот сервис ги добива како членка на Европската радиодуфузна мрежа.

Македонската Радио Телевизија ќе ги преземе сите законски решенија и дисциплински мерки по враќањето на нашата делегација од Торино, откако членовите ќе ги поднесат извештаите за случувањата на церемонијата.

Поради негативниот имиџ во јавноста на проектот „Евровизија“ што предизвикува негативен публицитет на МРТ, Уредничкиот колегиум на МРТ ја разгледува можноста од следната година Македонската радио телевизија веќе да не учествува на Изборот за песна на Евровизија“, велат од МРТ.

Евротип
SNBROKER
To Top