Новости

Македонија

Мухамед Зеќири директор на Фондот за здравствено осигурување

Мухамед Зеќири ќе биде новиот директор на Фондот за здравствено осигурување, неофицијално дознава „Фокус.

Тој ќе седне на местото на сега актуелниот в.д директор Миле Сугарев, кој пак, на оваа позиција дојде пред неколку месеци откако Ден Дончев си поднесе оставка од позицијата, како што наведе од лични причини.

Зеќири во март 2006 година беше главен и одговорен уредник на телевизијата Алсат М. Во Алсат остана до ноември 2015, а потоа преминал во ТВ Шења, каде беше уредник на вестите до септември 2016.

Тој по 18 години во новинарството ја напушти професијата и се зачлени во СДСМ, каде што стана и пратеник и потпретседател на партијата.

GOLD
To Top