Новости

Македонија

Најголем опфат на вакцинирани има во Битола и Охрид

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека во источниот дел од земјава има мал опфат на вакцинација, а најголем е во Охрид и Битола. Како што рече, околу 60 проценти од вкупното население во државата над 65 години, е веќе вакцинирано. Вакцинирани се околу 630 деца под 18 години од кога почна повикот за вакцинација.

Процентот на граѓани кои се заразиле со коронавирус и покрај примени две дози на вакцина е многу мал. Од околу 330 000 ревакцинирани граѓани, 92 заболеле од ковид-19.

„Тоа значи дека процентот на заболени лица кои се ревакцинирани е навистина многу мал, некаде околу 0,02 проценти што е уште еден доказ за тоа колку е корисна вакцината и апелирам повторно сите граѓани да се свесни дека тоа е единствниот начин да се смени сликата зa пандемијата“, рече тој.

Најмалку со една доза се вакцинирани 500 000 лица и се очекува до крајот на август сите тие да примат и втора доза. Филипче вели дека добро се менаџира целокупниот процес на вакцинација во здравствените домови.

„Во август продолжуваме со вакцинација во пунктовите во рамки на здравствените домови. Останува да функционира салата во Тетово и во Струмица, целокупниот друг процес ќе се одвива во здравствените домови и теренската вакцинација“, рече Филипче.

СН Брокер
To Top