Новости

Македонија

Најстудено во Битола, утрово измерени -7 степени

Измерените минимални температури се: -7 Битола, -6 Скопје-Петровец, Берово, -5 Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, Струмица, Гевгелија, -4 Крива Паланка, Тетово, Прилеп, Штип, Куманово, -2 Лазарополе, -1 Виница, 0 Маврово, Дојран, 1 Охрид, Претор, Дебар.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне во западните делови од земјава ќе има услови за повремени врнежи од дожд, на повисоките планините од снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА до 7 часот (во см)
31 Попова Шапка, 13 Битола, 6 Маврови Анови, 5 Лазарополе, 2 Охрид, Ѓуриште.

 

GOLD
To Top