Новости

Македонија

Најстудено на Попова Шапка, снег во Ѓуриште

Најстудено утрово е на Попова Шапка со -4 степени, во Маврови Анови и во Крушево се измерени -2, во Берово 1, а максимални шест степени се регистрирани во Гевгелија.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека висината на снежната покривка во 8 часот во Ѓуриште е еден сантиметар.

Најмногу дожд до 8 часот изутрина наврнал во Демир Капија, каде се измерени 10 литри на метар квадратен, во Скопје-Петровец и Пожаране 9 литри, во Маврови Анови 8 литри. По нив, според мерењата на УХМР, следат Битола со 6 литри, Берово со 5, Гевгелија и Крушево со 4 литри, Крива Паланка со три, Тетово и Попова Шапка со два и во Скопје-Зајчев Рид, Штип и Куманово со литри на метар квадратен.

Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег, особено во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието краткотрајно ќе засилува. Максималната температура ќе достигне од 4 до 11 степени.

Во Скопје претежно облачно со повремен дожд попладне и со умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 9 степени.

Евротип
SNBROKER
To Top