Новости

Македонија

На ГП „Табановце“ се чека 30 минути

На граничниот премин Табановце утринава за излез од земјава се чека околу 30 минути, додека на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез, информира Авто мото сојузот на Македонија.

Оттаму за денеска најавуваат краток прекин на сообраќајот на делницата Пресека-Врбјани на патниот правец Кичево-Охрид во периодот од 11:30 до 14:30 часот. На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива непречено. 

Евротип
Евротип
To Top