Новости

Македонија

На граничниот премин “Богородица” врие од возила за продолжениот викенд

Продолжениот викенд во земјава поради денешниот празник Задушница, кој ќе трае три дена, беше добар повод огромоен број граѓани од земјава да заминат на некоја од грчките плажи.

Некои од граѓаните можеби сега почнуваат да го користат годишниот одмор.

Од утрово може да се забележи метеж на граничниот премин Богородица – Евзони со Грција.

Топлото време кое се најавува за сите денови од продолжениов викенд, измамија многумина да се решат да заминат во Грција.

Инаку, грчките власти најавија дека за влез во таа држава нема да е потребен ПЦР тест, туку само брз тест, а се разбира, влез ќе биде возможен и за вакцинираните граѓани.

GOLD
To Top