Новости

Македонија

На Гумење се степале коњаниците со крушевчанец, полицаец испукал предупредувачки куршум за да ги смири

На 01.08.2020 во 02.05 часот во Полициска станица Крушево било пријавено дека на место викано „Гумење“ во Крушево дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу К.К.(33) од Крушево од една страна, и Х.Ј.(18), Ј.Ѓ.(22), А.Н.(19), Б.Ј.(41) и 16 годишен малолетник сите од Скопје (биле дел од групата која дошла со коњицата од скопско Лисиче) од другата страна, при што заради спречување на физичката пресметка, полициски службеник од Полициска станица Крушево од службениот пиштол испукал еден предупредувачки куршум. Полициски службеници од Полициска станица Крушево излегле на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

GOLD
To Top