Новости

Македонија

На местото на несреќата биле пронајдени 44 трупови, од автобусот скокнале 8 лица

На местото на несреќата на автопатот Струма биле пронајдени 44 трупови, соопштија на денешната прес конференција од бугарското обвинителство.

Според нив, еден од преживеаните сведоци е дециден дека низ скршениот заден прозорец изглегле осум луѓе. Ова значи дека еден човек недостасува.

Точниот број на патници ќе се утврдува преку патниот список и преку камерите.

Бугарските истражни органи категорично ги отфрлаат шпекулациите дека во изгорениот автобус било превезувано бензин или нафта.

Пронајдени се три туби, но во нив немало бензин или запаллива материја. Категорично се отфрла и дека несреќата е терористички акт.

Евротип
Евротип
To Top