Новости

Македонија

Нема да се чека на шалтер за извод – граѓаните ќе го добиваат електронски, вети Владата

Заменик-претседателот на Владата, Љупчо Николовски, соопшти дека со целосно дигитализирање на трите книги што ги води Управата за водење на матичните книги, граѓаните ќе можат електронски не само да аплицираат, туку на истиот начин и да ги добијат изводите, пишува во соопштението од Владата.

– Нема повеќе непотребни чекања на шалтери за вадење изводи од матичните книги. Дополнително, за да се подобрат услугите за граѓаните и фирмите, во полна функција се става Централниот регистар на население, каде што на едно место веќе ги има сите податоци за граѓаните кои се содржани во личните карти, пасошите, државјанството и од книгите на Управата. Затоа денеска Управата е задолжена за интегрирање на сите овие податоци и регистри. На овој начин ќе се укине процедурата за вадење различни документи и изводи за која било постапка што му е потребна на граѓанинот. Институциите ќе имаат каде да проверат и да ги добијат информациите што им требаат, наместо граѓаните и фирмите секојпат одново да вадат нов документ. Конкретно ќе се бара само извод од Централен регистар на население, наместо сегашните копии од лична карта, пасош, државјанство, изводи од матична книга на родени итн. – посочи вицепремиерот Николовски.

GOLD
To Top