Новости

Македонија

Нема нови рестрикции за угостителските објекти

Министерот за здравство Венко Филипче во изјава за медиумите кажа дека за работата на угостителските објекти има протоколи што треба да се спроведуваат, како и ограничувања за групирањата на јавни простори. Тој го пренесе апелот на Комисијата за заразни болести до инспекторатите да ги интензивираат контролорите за почитување на мерките.

-Засега не, можно е и тоа да се случи. За угостителските објекти има протоколи и се што треба е да се почитуваат. Инспекоратите може и Комисијата за заразни болести апелираше, свесни се дека се на терен и под притисок, но колку може таа работа да се интензивира во смисла на контрола и проценка дали се почитуваат препораките или не, рече Филипче.

Според него, угостителските објекти работат со протоколи, што се сосем доволни, и врз основа на стандардните принципи за да се спречи ширењето на болеста.

Евротип
SNBROKER
To Top