Новости

Македонија

Нема празен кревет: ГОБ „8 септември“ преполна со ковид-пациенти

Во Ковид-центарот во Градската општа болница „8 Септември“, каде има капацитет за најмногу 50 пациенти, до утринава до 8 часот имало 42 хоспитализирани пациенти со ковид-19.

Директорот на болницата Христијан Костов во изјавата што претпладнево ја дал за Фактор, нагласил дека до 14 часот болничките кревети ќе бидат целосно исполнети.

– Нема повеќе место. Од утринава примив безброј телефонски повици за да хоспитализираме болни од ковид, но сè е пополнето. Најмногу пациенти, освен од Скопје, се примени од Струмица и тоа станува збор за исклучително тешки случаи – изјавил Костов.

GOLD
To Top