Новости

Македонија

Неофицијално: Над 13 жртви во пожарот во тетовската модуларна болница

Во пожарот кој ја зафати тетовската модуларна болница неофицијално има над 13 жртви, дознава Прес24.

Информацијата дека има жртви ја потврди и командирот на тетовската противпожарна служба но не сакаше да изнесува бројки. Рече дека извадиле повеќе изгорени тела од пожарот но дека работа на други институции е да ги соопштат бројките.

Тој потенцираше дека пожарот бил пријавен во 21:00 часот, за половина час целосно го ставиле под контрола и покрај тоа што објектот бил цел изграден од пластика и огнот многу брзо се ширел. До 21:45 целосно го ликвидирале пожарот.

 

 

Евротип
SNBROKER
To Top