Новости

Македонија

Нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето денес ќе биде претежно облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд (над 30 л/м2), поинтензивни електрични празнења и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23, а максималната ќе достигне од 26 до 31 степен со УВ=6.
И во четврток под влијание на циклонска активност времето ќе биде претежно облачно, свежо и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења и изолирана појава на град. Од петок и понатаму ќе биде нестабилно, но со локална појава на пороен дожд и грмежи.

GOLD
To Top