Новости

Македонија

Нови 679 случаи на коронавирус, регистрирани 130 реинфекции

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.537 тестови, а регистрирани се нови 679 случаи на КОВИД-19.

Во Скопје – 273, Битола – 59, Oхрид – 38, Кавадарци – 37, Куманово – 35, Гостивар – 30, Тетово – 28, Прилеп – 24, Кочани – 17, Струмица, Берово, Струга и Велес – по 13, Гевгелија– 12,Штип – 11, Неготино и Радовиш – по 10, Кичево, Ресен, Делчево, Виница и Кратово – по 5, Крива Паланка – 4, Валандово – 3, Свети Николе, Дебар и Крушево – по 2, Пробиштип, Богданци, Демир Хисар, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (679), регистрирани се 130 реинфекции.

Регистрирани сe 291 оздравен пациент од: Охрид – 79, Битола – 39, Струга – 33, Кавадарци – 22, Гостивар – 19, Прилеп – 17, Кичево – 11, Скопје и Велес – по 9, Неготино – 8, Гевгелија и Радовиш – по 7, Куманово и Ресен – по 6, Тетово – 5, Дебар – 4, Кочани, Штип и Демир Хисар – по 2, Виница , Крушево, Богданци и Демир Капија – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа нема пријавено пријавено починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.

Направени се 1.537 теста преку: ИЈЗ-195, ЦЈЗ Скопје-78, ЦЈЗ Битола-30, ЦЈЗ Прилеп-10, ЦЈЗ Тетово-38, ЦЈЗ Куманово-47, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-19, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–98, Жан Митрев (Филип Втори)-13, Авицена-33, Биотек-62, Систина-52, лабораторија Лаор-18, Синлаб-16, Ремедика-10, Плодност-14, Генеа-5, Никоб Лаб-41, ВФВ Медикал-13, Ели Медика Плус-6, Ројал Медика–2, Спектра-ММ-17, Рапид Лаб–0, Жан Митрев Струмица–3, Нова Лаб Дијагностика–6, Рамус-12, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 698.

Досега во земјата се направени вкупно 2.130.248 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 332.667, бројот на оздравени пациенти е 318.890, на починати е 9.398, а бројот на активни случаи изнесува 4.379.

Евротип
SNBROKER
To Top