Новости

Македонија

Нови 9 годни затвор за Груевски и три за Јанакиески – на Цановски треба да му исплатат отштета од 10 милиони евра

Нови 9 години затвор доби поранешниот премиер и лидер на ВМРО ДПМНЕ, бегалецот Никола Груевски во случајот за рушењето на КОСМОС на бизнисменот Фијат Цаноски. Во истиот случај ТНТ за виновен е прогласен и екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески за кој судијата Огнен Ставрев пресуди 3 годишна затворска казна, а исто така виновни се и тогашниот градоначалник на Гази Баба Тони Трајковски и градежната инспекторка во општината Елисавета Најдовска за кои судот пресуди 4 годишна затворска казна. Според пресудата, Никола Грувски и Миле Јанакиски во 2012 година со цел да му се одмаздат на Цановски ги натерале градоначалникот и инспекторката незаконски да го срушат КОСМОС. Причината била поради тоа што тој ја напуштил владеачката коалиција.

ЗАЕДНИЧКИ, СО ЦЕЛ ДА МУ СЕ ОДМАЗДАТ НА ОШТЕТЕНИОТ ФИЈАТ ЦАНОСКИ ЗА НЕГОВАТА ПОЛИТИЧКА ОДЛУКА СО КОЈА КАКО ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПОЛИТИЧКАТА ПАРТИЈА ПЕИ ЈА НАПУШТИЛ КОАЛИЦИЈАТА СО ПОЛИТИЧКАТА ПАРТИЈА ВМРО ДПМНЕ И СКЛУЧИЛ КОАЛИЦИЈА СО ОПОЗИЦИСКАТА СДСМ, ИСКОРИСТУВАЈЌИ ЈА НИВНАТА РЕАЛНА МОЌ СО УМИСЛА ГО ПОТТИКНАЛЕ ОБВИНЕТИОТ ТОНИ ТРАЈКОВСКИ ДА СТОРИ КРИВИЧНО ДЕЛО ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА И ОВЛАСТУВАЊЕ, А КОЈ БИЛ ГРАДОНАЛЧАЛНИК НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА КАНДИДРИАН ОД ПОЛИТИЧКАТА ПАРТИЈА ВМРО ДПМНЕ.

Повеќе од 40 минути судијата образложуваше зошто не ја прифатил одбраната на обвинетите која главно се состоеше во дадените помилувања од претседателот Ѓорѓе Иванов во 2016 та година. Рече – тие од самиот почеток се апсолутно ништовни. Со оваа пресуда судот ги задолжи осудените да му ја надоместат и направената штета на Цановски во вредност од повеке од 10 милиони евра. цановски пак претходно најави дека ќе бара оштета од државата и осудените во вредност од 40 милиони евра колку што пресметале неговите вештачења. Адвокатот на Јанакиески најави жалба.

Останатите тројца обвинети кои биле членови на комисијата за јавни набавки се ослободени од вина. На крај обвинителот Бурим Рустеми побара притвор за бегалецот Груевски поради можност од повторно бегство и покрај тоа што тој се уште е во азил во Унгарија. Немаше кој да се спротистави на ваквото барање а судот најави дека дополнително ќе извести за одлуката.

Евротип
SNBROKER
To Top