Новости

Македонија

Нови 91 случаи на ковид, нема починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.067 тестови, а регистриран е 91 нов случај на Ковид-19. Од вкупниот број на позитивни 23 се реинфекции. Не се пријавени починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.073.238 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313.050, бројот на оздравени пациенти е 303.354, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 374.

Евротип
SNBROKER
To Top