Новости

Македонија

Нуркачите од „Амфора“ го запалија василичарскиот оган под вода (видео)

Нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ го запалија традиционалниот василичарски оган на дното од Охридското Езеро со кој на граѓаните им ја честитаа Старата Нова година и претстојните празници  Богојавленије Водици и Св. Јован крстител -денот на рибарите.

Кај музејот на вода кај Заливот на коските, на атрактивен и за нас препознатлив начин по трет пат под вода го запаливме традиционалниот василичарски оган со кој ја најавуваме Стара Нова година. На богатата трпеза беа испечените колбаси и квалитетно македонско вино, велат од нуркачкиот центар „Амфора“.

https://fb.watch/aweCAesN4M/

Евротип
SNBROKER
To Top