Новости

Македонија

Обдукцијата на 15 тела заврши: Oсум жртви во пожарот се жени, шест се мажи, идентификувана е и почината девојка пред пожарот

И директорот на Институтот за судска медицина, д-р Александар Станков,  информираше дека е завршена обдукцијата на 15 тела, меѓу кои и на помлада пациентка, чиешто тело дополнително било донесено во Институтот. Од починатите, две лица и тоа сопруга на пациент и ќерка на пациентка се надворешни лица кои не биле хоспитализирани

Од доставените извештаи до обвинителството се утврдува дека од починатите, осум жртви се жени и шест мажи, на возраст од 29 до 78 години. Од нив, 12 лица биле хоспитализирани како пациенти во ковид болницата. Од починатите, две лица и тоа сопруга на пациент и ќерка на пациентка се надворешни лица кои не биле хоспитализирани, се вели во соопштението на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Од Јавното обвинителство информираат дека се истражува причината за нивното присуство во моментот на несреќата – дали подолго време биле во болницата или влегле внатре по опожарувањето, за да ги извлечат своите роднини.

По налог на обвинителството, извршена е обдукција и на почината пациентка, која настрадала од ковид-19 и за чиј живот се борел медицинскиот персонал непосредно пред избувнувањето на пожарот. Телото на веќе починатата пациентка било изнесено во моментот на избувнување на пожарот. Обдукцијата, по барање на обвинителството беше извршена за точно утврдување на причините за смртта, при што се констатира дека настанатата смрт не е последица од пожарот.

Дали токму за оваа пациентка бил користен дефибрилатор за реанимација, по што наводно бил забележан чад, ќе утврди истрагата. Според неофицијални информации, лекарот, додека го користел апаратот за за реанимација, забележал дека се случил некаков курцшлус, по што се јавил во техничката служба од болницата.

И директорот на Институтот за судска медицина, д-р Александар Станков, предмалку информираше дека е завршена обдукцијата на 15 тела, меѓу кои и на помлада пациентка, чиешто тело дополнително било донесено во Институтот.

„Со помош на ДНК анализи идентификувани се телата на 14-мина коишто настрадаа во пожарот, а извршена е обдукција и на помлада пациентка, чие што тело дополнително е донесено во Институтот за судска медицина“, вели за Дојче Веле првиот човек на Институтот за судска медицина, Александар Станков .

Како што објави Телевизија Телма, станува збор за девојка од 20 години, со церебрална парализа, која во моментот на избувнување на пожарот докторите ја реанимирале, но одеднаш се појавил пожарот, нејзината реанимација е прекината, и заедно со мајка и и медицинскиот персонал е веднаш извлечена надвор, без повреди или изгореници од пожарот.

Девојката, која веќе била почината, е однесена дома, но обвинителството дополнително ја додава во овој кривично-правен настан и бара нејзина обдукција, поради што е земена од семејството кое го подготвувало нејзиниот погреб.

Евротип
SNBROKER
To Top