Новости

Македонија

Облачно и врнежливо време, на планините и снег

Денеска ќе преовладува претежно облачно време, попладне од западните кон централните делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец кој ќе биде поизразен во Повардарието. Максималната температура ќе биде од 8 до 15 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Максималната температура ќе достигне до 12 степени. Во среда ќе има краткотрајна стабилизација на времето, а потоа повторно се очекува нова нестабилност.

Евротип
SNBROKER
To Top