Новости

Македонија

Облачно и постудено со дожд и снег

Времето денеска ќе биде облачно и постудено со врнежи од дожд, а на планините и повисоките места од снег каде ќе се формира нова снежна покривка. Услови за слаб снег ќе има и на некои пониски места во северните и источните делови. Ќе дува засилен ветер од северен правец.

Минималната ремпература ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната од 2 до 8 степени.

Во Скопје, облачно и постудено со повремени врнежи од дожд. Во текот на денот во повисоките делови од Скопската котлина ќе врне повремен слаб снег. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 5 степени.

Во среда и четврток претпладне ќе има преодно стабилизирање на времето со ниски утрински температури, кои насекаде ќе бидат под нулата. Потоа следува период на променливо облачно време со повремени врнежи со променлив интензитет.

Евротип
SNBROKER
To Top