Новости

Македонија

Облачно со сончеви периоди, попладне дожд и ветер

Променливо облачно време со сончеви периоди ќе преовладува денеска во земјава. На места, особено попладне се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има и невреме.

Минималната температура ќе се движи од 12 до 20, а максималната д 23 до 30 степени. УВ ќе биде 6.

Променливото време ќе се задржи до недела. Синоптичарите најавуваат пороен дожд, и грмежи и локално невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.

Веќе од понеделник се очекува стабилизирање на времето со пораст на дневните температури.

GOLD
To Top