Новости

Македонија

Фото: Огромни поплави и одрони на патот Росоман – Плетвар – патот целосно во прекин

Од утрово од 05:55 часот регионалниот пат Росоман- Прилеп, кај месносата „Трите ленти“ е затворен за сообраќај поради одрон на патот, јавува АМСМ.

Како што пишуваат граѓани на социјалните мрежи поради поплави и одрони сообраќајот е целсоно во прекин.

Од снимките објавени на приватни профили може да се забележат одрони по патот, но и големи количини вода која носи и камења.

Нема информации кога патот ќе биде вратен во првобитна состојба и сообраќајот нормализиран.

Евротип
SNBROKER
To Top