Одбележување на Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Во Свечената сала на Владата денеска ќе се одржи настан по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост 3 декември на кој ќе се обрати премиерот Димитар Ковачевски.
Како што информираат од Владата, покрај премиерот Ковачевски, на настанот ќе се обратат и министрите за труд и социјална политика и за здравство, Јована Тренчевска и Беким Сали, координаторката на ОН во земјава Росана Дуџак и директор на германската Агенција за меѓународна соработка (ГИЗ), Давид Оберхубер.
