Новости

Македонија

Одбележување на „23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба”

Во земјава денеска се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, кој е прогласен за државен празник и неработен ден за сите граѓани. Годинава, поради пандемијата со Ковид-19, одбележувањето ќе се одржи со запазување на протоколите за спречување и заштита од коронавирусот, односно со носење на заштитни маски и одржување на соодветно растојание.

Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев беше формиран Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно македонската револуционерна организација (ВМРО) или Внатрешно македонско-одринска револуционерна организација (ВМОРО). Организацијата се бореше за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош однадвор. Со тоа почна организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903, Крушевската Република и преку НОВ, резултира со создавање самостојна македонска држава.

GOLD
To Top