Новости

Македонија

Одлична вест за туристите: Патувањето од Тирана до Саранда скратено за три часа

Новиот пат Кардик-Делвина во Албанија, кој го скратува времето на патување до Саранда, денеска е пуштен во употреба.

Министерката за туризам и животна средина на Албанија, Мирела Кумбаро, денеска објави фотографии од оваа патна делница, за која најави дека од денеска ќе биде отворена за сите граѓани, со што крајбрежјето ќе биде многу блиску.

„Патувањето од Ѓирокастро до Делвина, па потоа до Саранда со новиот пат од денеска ќе биде отворено за сите граѓани, со што крајбрежјето ќе биде многу блиску“, напиша Кумбаро на социјалните мрежи.

Дел од овој пат е и тунелот Скерфица.

Евротип
SNBROKER
To Top