Новости

Македонија

Одложени неколку летови на аеродромот „Александар Велики“

Авиосообраќајот на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје засега се одвива без поголеми застои.

Според веб страницата на аеродромот, одложено е полетувањето за Истанбул, а одложено е и пристигнувањето на летот од Виена. Утрово не е реализиран и планираниот лет Скопје – Загреб.

Преостанатите предвидени денешни летови се очекува да се реализираан според утврдениот ред на летање.

На Охридскиот аеродром денеска не се предвидени ниту полетувања ниту слетувања.

Евротип
Евротип
To Top