Новости

Македонија

Од денеска бесплатни разговори ако сте во Албанија, Косово, Србија, Црна Гора и БиХ

Од денеска граѓаните од Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина на мобилен ќе разговараат по цени како по дома. Како што беше најавено се укинува дополнителното тарифирање за роаминг услугите, меѓу шестте земји односно се воведуваат цени за роаминг услуги исти како цените на електронските комуникациски услуги на домашниот пазар.

Тоа значи дека корисниците на роаминг-услугите во земјава нема да доплаќаат повисоки цени од домашните тарифни модели за користење на роаминг-услугите кога ќе патуваат во останатите пет земји потписнички на Спогодбата, без разлика дали станува случај за користење на интернет, говор или СМС. Влезниот повик во роаминг ќе се третира исто како и влезниот повик во домашниот пазар односно без дополнителен надомест за корисникот.

Од Агенцијата за електронски комуникации појаснуваат дека ако досега разговорите со овие земји од соседството чинеле околу 5 денари минута сега се ќе зависи од тарифниот модел што го користите дома.

Ако дома имате на пример тарифен модел со месечна претплата од 1000 денари, а во него имате неограничени бесплатни разговори и во соседните земји на пример ако сте во Србија разговорите ќе ви бидат бесплатни, значи се е вклучено во претплатата, појаснуваат од АЕК.

Ова е кај пост пејд корисниците.Кај при пејд корисниците цената на разговорите во земјите од регионот ќе ви биде иста како и дома. Ако дома плаќате пример два денари минута толку ќе ве чини и во Босна на пример.Со тоа што може кај при пејд корисниците разговорите надвор да би биле незначително повисоки.

Поинаква е ситуацијата кај интернет сообраќајот.

-Ако со вашата претплата имате одредена количина на бесплатен интернет, бесплатно ќе може да го користите интернетот и во Албанија на пример. Сепак на користење ќе имате помала количина на бесплатен интернет иако во вашата тарифа е предвидено повеќе, истакнуваат од Агенцијата.

Државава има потпишано одделни меморандуми за намалување на цените на роаминг услугите и со Грција и со Бугарија, но тие не се стапени во сила.Разговорите со овие земји и интернет комуникацијата останува да се плаќа по многу високи цени. Во зависност од кој оператор го изберете интернет чини 59 ден/МБ, смс 16,90 денари, појдовни повици 89 ден./мин и дојдовни 25 ден/мин.

Евротип
Евротип
To Top