Од денеска пократок полициски час и подолго работење кафулиња и ресторани

Во Македонија, полицискиот час од денеска почнува два часа подоцна, реши Владата. Според соопштението, полицискиот час ќе започне во 23 наместо во 21 часот и ќе трае до 5.00 часот наредниот ден, додека угостителските објекти ќе можат да работат до 22.30 часот, но само во отворени делови, почитувајќи ги постојните мерки и протоколи.
Владата го прифати и предлогот на Комисијата за инфективни болести сите македонски граѓани и странци кои пристигнуваат од Индија и Бразил да одат во задолжителна самоизолација со цел да се спречи ширењето на новите видови на ковид. Ограничувањата на движењето на граѓаните во текот на ноќта во северна Македонија беа воведени на 10 март, откако заразниот британски вид на коронавирус почна да се шири брзо, додека рестораните беа затворени од 5 април.
