Новости

Македонија

Од ковид-19 починаа Две родилки на 32 и 33 години

Две родилки кои изминатиов месец болнички се лекувале од ковид-19 починаа во изминатото деноноќие, соопшти Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК). Родилките се на 32 и 33-годишна возраст, од Скопје и Делчево.

„33-годишна жена од Делчево, второротка, со царски рез е породена термински, со машко бебе од 2.900 грама кое во добра општа состојба веќе е испишано од Гинекологија. Родилката беше примена на ГАК на 10 март во лоша состојба, фебрилна со 38,5 температура, со ниска сатурација и со кашлица. Породена е на 11 март и поради влошување на клиничката состојба, на 14 март таа е препратена на понатамошно лекување во ГОБ ‘8 Септември’. Ден пред хоспитализација на ГАК, на 9 март добива негативен ПЦР тест, а на Клиниката за гинекологија на 10 март добива позитивен резултат по направен антигенски рапид тест“, велат од Клиниката за гинекологија.

Втората родилкa е 32-годишна скопјанка, породена е предтермински, со царски рез во 30 недела од бременоста. Таа на Клиниката за гинекологија биле донесена од Инфективната клиника на 20 март во тешка состојба и само неколку часа по породувањето, поради исклучително лошата клиничка состојба, препратена е на КАРИЛ.

„Предвременото роденото бебе е женско, кое сè уште се наоѓа на Одделот за интензивна нега на ГАК и е респираторно зависно“, велат од Гинекологија.

Евротип
SNBROKER
To Top