Новости

Македонија

Од мај ќе има електронски упис на првачињата, најави Царовска

Министерката за образование и наука, Мила Царовска ги повика родителите да ја искористат можноста за дигитално запишување во основното образование за наредната учебна година, нова дгитална услуга која ќе почне да се применува во мај, со што, рече, ќе се избегне и метежот во училиштата.

На денешната онлајн конференција во рамки на проектот „Дигитализација во јавниот сектор во РСМ за непречено функционирање“ Царовска рече дека очекува дека ваков современ пристап ќе има и за упис во средното образование, дека во наредниот период ќе се дигитализираат и сите услуги поврзани со конкурсите за наука.

Следен предизвик на кој ќе се работи, додаде Царовска, е родителите да имаат можност неделно да добиваат од училиштата извештаи од Е-дневникот за напредокот на ученикот преку автоматизирана апликација на нивните мобилни телефони.

На конференцијата беше кажано дека голем број е-услуги се достапни во областа на образованието – се применува нов систем за дигитално апилицирање на конкурсите за стипендии за ученици и студенти и за прием во домовите, дигитално е нострифицирањето на странски дипломи и свидетелства, аплицирањето на општините до МОН за инфраструктурни проекти и реновирање на училишта, а од мај ќе биде воведена и нова услуга – дигитално запишување на првачињата за учебната 2021/2022 година.

Евротип
Евротип
To Top