Новости

Македонија

Од позитивните на ковид-19 вакцинирани биле 33 отсто

Во периодот од 6 август до 30 декември на територија на државата од вкупно тестираните позитивни на ковид-19 биле 69.242 граѓани, од кои 33% или 22.996 лица биле целосно вакцинирани, соопшти Министерството за здравство.

Според анализата на Министерството, голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со ковид-19, односно 67 проценти од позитивните, односно вкупно 46.246 граѓани.

Анализата покажува и дека смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, па така во изминатите недели на територија на државата починале 2.447 лица со ковид 19, од кои 22 отсто биле вакцинирани, а 1.913 пациенти од починатите не биле вакцинирани. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на Модерна и Џонсон.

Министерството за здравство повторно укажува на важноста на вакцинација и вели дека секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Оттаму апелираат граѓаните да се вакцинираат зашто само така ќе се дојде до колективен имунитет и ќе се спречи ширење на мутации на СарсКов2.

Евротип
SNBROKER
To Top