Новости

Македонија

Од понеделник Британија ќе ги признава вакциналните сертификати за македонските државјани

Северна Македонија е на списокот со 47 земји кои се опфатени со ова олеснување на британската влада, што значи дека нема да мора да поминат 10 дена во карантин по пристигнувањето ниту, пак, да прават две тестирања во тој период.

Од понеделник, 11 октомври, македонските државјани ќе можат да патуваат во Велика Британија без да мора да поминат 10 дена во карантин при влез во земјата и без да прават две тестирања во тој период.

Северна Македонија е на листата на 47 земји кои се опфатени со ова олеснување на британската влада.

„Ако пристигнете во Англија пред тој датум, мора да ги следите правилата за луѓе што не се целосно вакцинирани. Ако пристигнете потоа, можете да користите сертификат за вакцина за да го докажете статусот за вакцинација“,

Досега патниците од земјите кои се опфатени со олеснувањето можеа да патуваат во Велика Британија, но беа означени како нецелосно вакцинирани и за нив важеа правилата: уплата за две тестирања за ковид-19 на вториот и осмиот ден од пристигнувањето и карантин од 10 дена.

За целосно вакцинирани во Британија се сметаат лица што се вакцинирани со две дози од вакцините кои се признаени во оваа земја: „Астра Зенека“, „Фајзер“, „Модерна“.

Евротип
Евротип
To Top