Новости

Македонија

Од први јануари, ќе се намали ДДВ на храна и пијалоци во кафулиња од 18 на 10 отсто

Храната и пијалоците кои се служат во ресторани и кафулиња ќе се даночат по нова повластена стапка од 10%, наместо од 18% како што беше досега и ова ќе почне да важи од 1 јануари 2021, истото ќе важи и за кетеринг услуги, со исклучок на алкохолни пијалаци.

Воедно Владата одлучи исто така од 1 јануари ќе има и повластена даночна стапка од 5% за определени занаетчиски услуги коишто се вршат од занаетчии коишто се запишани во занаетчиски регистар.

Финансиската поддршка за работодавачите за исплата на плати ќе биде скалеста согласно падот на приходите на компанијата односно од 14.500 до 21.776 денари по работник. Ова е предвидено со новиот Предлог-закон за финансиска поддршка на работодавци погодени од здравствено-економската криза предизвикана од новата болест, за што денеска дебатираше Економско-социјалниот совет на својата трета седница.

Финансиска помош се однесува за исплата на плати за октомври, ноември и декември годинава.

На седницата, која се одржа онлајн, а со која заседаваше претседателката на ЕСС и министерка за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, разгледани се поединечно сите членови од новиот предлог закон за што свое мислење можеле да дадат сите членови на ЕСС.

GOLD
To Top