Новости

Македонија

Од први јуни престануваат да важат дел заклучоците на Владата

Од 1 јуни ќе престанат да важат заклучоците на Владата со кои различни категории лица се ослободени од работа, истакна премиерот Спасовски.

– Ова нема да важи за хронично болните. Отстапка за оваа одлука ќе има и за родителите кои имаат деца до 10 години за кои ќе се чека одлуката за почнување со работа на градинките. Угостителските објекти ќе работат со прецизно утврден протокол, а работата во затворените делови на локалите ќе се регулигра во наредните фази – рече Спасовски.

Се укинува и задолжителниот државен карантин за сите државјани кои се враќаат со хуманитарни летови или конвои. Наместо тоа ќе треба да одат во домашна самоизолација, но под услов при влез во државата да приложат PCR тест направен во последните 72 часа пред влегувањето во Македонија.

– Од денеска сите лица кои се спроведени во објекти за државен карантин на свој трошок можат да направат PCR тест и ако имаат негативен резултат да бидат упатени на домашна изоалција. На предлог на МНР во соработка со Комисијата има протокол за странски дипломати во земјата и членови на нивните семејства, ако приложат медицинска потврда за негативен тест, направен последните 72 часа ќе можат непречено и тековно да ја извршуваат својата работа, изјави Спасовски.

Комисијата за заразни болести треба да изготви проценка за отворање на границите и да се подготват протоколи за влез и излез од Македонија.

Воедно Комисијата ќе треба да изготви и протокол за работа на хотелите.

GOLD
To Top