Новости

Македонија

Од среда сончево време, попладне повторно најава за дожд

Променливо облачно, во југозападните делови уште претпладне со локален дожд и појава на грмежи. Попладне и во вечерните часови на повеќе места нестабилно со пороен дожд,
грмежи и засилен ветер, локално со поинтензивни процеси во форма на невреме со појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 34 степени.
Врнежи за изминатите 24 часа (во л/м2): 38 Тополчани, 37 Претор, 32 Охрид, 27 Крушево, 23 Битола, 13Прилеп, 3 Дебар, Д.Капија, 1 Дојран.

Под влијание на продор на студен атмосферски фронт утре претпладне ќе настапи преодно наоблачување со локален дожд и грмежи. Ќе почне да дува силен северен ветер, најпрво во северните, а во текот на денот и во останатите делови, особено вдолж Повардарието, што ќе услови осетно намалување на дневната температура, особено на северот. Ветерот краткотрајно ќе достигнува брзина и над 90 км/час.

Од среда следува сончево време со повторен пораст на дневната температура, но со посвежи утра.

GOLD
To Top