Новости

Македонија

Од утре армијата се распоредува во здравствените објекти

После денешниот состанок, е дадено зелено светло Армијата да ги обезбедува болниците ширум земјава, соопшти денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Останува сега само претседателот Стево Пендаровски да го потпише указот, а тоа најверојатно ќе се случи денеска.

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов вчера напомена дека 295 припадници на Армијата ќе им помагаат на припадници на МВР во обезбедување на болниците ширум земјава во прв момент, иако, како што рече тој, бројката понатаму може и да се зголеми, доколку има потреба.

GOLD
To Top